30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа работата гледајте како на игра

На работата гледајте како на игра

workgame

Писателот Џорџ Бернард Шо, вели дека животот поминат во ценење на грешките е повеќе корисен од оној живот во кој не цениме ништо.

На работата гледајте како на игра, така и вашата креативност ќе биде поизразена. Ако не успеете, останете упорни.

Правејки го сопственото бизнис царство, Волт Дизни рекол: Љубопитните секогаш ќе пронајдат нешто интересно во она што го работат. Ова го покажуваат и резултатите на Хардвард бизнис училиштето – работливите луѓе не работат опсесивно само поради потребата за работа, туку и за потребата да се чувствуваат успешни.

За да постигнете успех, треба цврсто да верувате во себе, и да не дозволите вашата околина да ве одалече од вашите желби. Сепак ова не значи дека не треба да знаете да прифатите критика.

Работата најдобро е да ја гледате од перспектива на детската љубопитност, бидејки тогаш го извлекувате најдоброто од она што не ви се допаѓало.

Ако сеуште не сте се пронашле, не очајувајте – искоритете ја секоја прилика за учење на нешто ново. Можеби тоа ќе ве доведе до вашата работа од соништата.

Било што да работите, секогаш давајте го сопствениот максимум. Така оставате позитивен впечаток на околината и се чувствувате корисни.

Настојувајте на секој проблем да гледате како на авантура, а на секој пад како на нова прилика за успех – грешките кои попатно ги правите се неизбежен дел од приказната за успехот. Не се плашете да бидете свои – автентичноста е она што ги прави луѓето големи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП