27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстекува рокот за земјоделски субвенции

Истекува рокот за земјоделски субвенции

zemjo1

Рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции за 2014 година завршува денеска, 31-ви мај.

Платежната агенција ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои се уште не аплицирале, веднаш да се обратат во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Ги потсетуваме одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, соопшти Агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП