8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвтомобилот од 6. извлекување на наградната игра со фискални во Штип

Автомобилот од 6. извлекување на наградната игра со фискални во Штип

fiskalna

Во шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, кое се одржа на 27-ми овој месец, беа извлечени 150 вредносни ваучери, а главната награда беше автомобил „фолксваген поло“ кој се падна во Штип.

Како што информираат од Државната лотарија на Македонија, неизвлечените коверти од ова извлекување, како и ковертите од второто, третото, четвртото и петтото извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, ќе учествуваат во 7. извлекување кога покрај редовните награди ќе се извлекува и стан и деловен простор, а ќе се одржи на 30 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП