6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Словенија изнесува 1,9 проценти

Економскиот раст на Словенија изнесува 1,9 проценти

30052014105718_ljubljana03

Словенечкиот бруто домашен производ (БДП) е зголемен во првиот квартал на 1,9 проценти на годишно ниво, по растот од 2,1 проценти во последниот квартал во 2013 година, после осум месеци последователен пад, покажаа прелиминарните податоци на Заводот за статистика во Љубљана.

Според сезонски прилагодените податоци, БДП во првите три месеци од 2014 година е намален за 0,3 проценти во однос на претходниот квартал, додека на годишно ниво е зголемен за 1,5 проценти, пренесува словенечката агенција СТА.

За економскиот раст најмногу придонесе извозот, кој порасна за 4,7 проценти, пред се благодарение на силниот извоз на електрични апарати и моторни возила. Увозот истовремено е зголемен за 2,3 проценти, малку послабо во однос на претходниот квартал.

Домашната потрошувачка во првиот квартал е благо намалена на годишно ниво (0,2 проценти), додека на квартално ниво значително е намалена, бидејќи во тој период е евидентиран раст на потрошувачката од три проценти, наведува Заводот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП