23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол ја намали за денар цената на „Ултра дизел био џет“

Макпетрол ја намали за денар цената на „Ултра дизел био џет“

makpetrolbstanicirthry5e66

Компанијата „Макпетрол“ ја намали за еден денар цената на биогоривото Ултра дизел био џет.

Според компанијата, намалувањето е значајно за домашниот буџет на оние кои го користат тој вид гориво. Сега, цената на евродизелот Ултра дизел пауер џет и Ултра дизел био џет се изедначени, рече денеска на прес-конференција Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба во „Макпетрол“.

Претставувајќи ги карактеристиките на биогоривото Ултра дизел био џет, Георгиевски информира дека горивото е составено од 94 проценти кристално чист еуродизел и 6проценти премиум биокомпонента. – Квалитетот на биокомпонентата, односно биодизелот што влегува во состав на оваа мешавина, е во согласност со европскиот и македонскиот стандард за квалитет на биогориво МКС ЕН 14214, додека еуродизел горивото е во согласност со важечкиот стандард за квалитет на дизел гориво МКС ЕН 590м, речеГеоргиевски.

Поради воедначувањето на можностите за користење на биодизелот во сите автомобили, појасни, е ревидирано учеството на био компонентата во дизел горивата и тоа сега изнесува 6 проценти. До 2020 година, посочи Георгиевски, европската регулатива предвидува секое дизел гориво да содржи 10 проценти био компонента. Денес, сите дизел горива во земјите на ЕУ задолжително имаат до 7 проценти биодизел во составот, без обврска тоа на бензиските станици да биде посебно означено.

„За да нема забуна, треба да знаеме дека ако на налепницата од внатрешната страна на капакот на грлото на резервоарот кај поедини возила е прецртан зборот биодизел, тоа значи дека се однесува само на 100 проценти чист биодизел односно Б100, а не и на дизел горивото во чијшто состав учествува биокомпонента со одреден процент“, рече Георгиевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП