4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВицепремиерот Ставрески на регионална конференција во Приштина

Вицепремиерот Ставрески на регионална конференција во Приштина

stavre2

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески учествува на регионалната министерска конференција „Зајакнување на соработката, надминување на економските предизвици и соработка во борбата против сивата економија”, што се одржува денеска во Приштина. Домаќин на конференцијата е премиерот на Косово Хашим Тачи.

Вицепремиерот Ставрески зборуваше на панелот „Улогата на регионалната соработка воборбата против сивата економија”, на кој учествуваа и министрите за финансии на Црна Гора Радоје Жугиќ, на Албанија Шкелким Цани и на Косово Бесим Беќај.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за финансии, конференцијата е можност на највисоко ниво да се зборува за предизвиците кои ги наметнува сивата економија и да се договорат моделите за регионална соработка во иднина.

На конференцијата учестваа и директорите на управите за јавни приходи и царините одрегионот, вклучително и директорот на Управата за јавни приходи на Македонија Горан Трајковски и директорката на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радевска Крстевска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП