4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ ја зајакнува соработката со Едукативната унија на рециклатори

ССМ ја зајакнува соработката со Едукативната унија на рециклатори

ssm-sindikati

Сојузот на синдикати на Македонија потпиша меморандум за соработка со Здружението за едукација и заштита на собирачи на секундарен отпад „Едукативна унија на рециклатори“.

Со меморандумот двете страни се обврзуваат дека ќе организираат обуки, работилници и семинари со цел поголема заштита на животната средина и поголема безбедност при работа на собирачите на секундарен отпад, како и заштита на работничките права.

ССМ и Едукативната унија на рециклатори заеднички ќе реализираат и проекти од областа на работничките права и заштитата на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП