19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската инфлација на највисоко ниво во последните 23 години

Јапонската инфлација на највисоко ниво во последните 23 години

japonija156

Јапонските потрошувачки цени пораснаа во април за 3,2 проценти во однос на една година претходно, достигнувајќи го највисокото ниво од 1991 година, главно благодарение на високата стапка на ДДВ, покажаа денес објавените податоци.

Станува збор за т.н. основен индекс на потрошувачките цени кој не ги вклучува цените на свежата храна.

Политиката на премиерот Шинзо Абе насочена кон ставање крај на дефлацијата, која го забавува растот речиси две децении започна да дава резултати, при што меѓу потпорните фактори за раст на цените се истакнува зголемената стапка на ДДВ.

Јапонија започнувајќи од 1 април ја зголеми стапката на ДДВ од пет на осум проценти и во централната банка се проценува дека 1,7 процентни поени од стапката на инфлација во април би можеле да се препишат на зголемувањето на овој данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП