26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија повторно забележа ниска инфлација

Шпанија повторно забележа ниска инфлација

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Шпанија овој месец забележа низок раст на потрошувачките цени, во време кога еврозоната се бори против заканата од дефлација, односно падот на цените, покажаа денес официјалните податоци во Мадрид.

Потрошувачките цени во мај се зголемиле за 0,2 проценти на годишно ниво, а повисокиот раст беше спречен од ниските цени на храната и безалкохолните пијалоци, покажуваат прелиминарните податоци од шпанскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Цените претходно во април пораснаа за 0,3 проценти, по мартовскиот пад од 0,2 проценти, што сето е доста под целното ниво на Европската централна банка (ЕЦБ) од два проценти.

Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги оваа недела изјави дека банката е свесна за ризикот од упорно ниската инфлација, која во 18-те земји кои како валута го користат еврото, во април е зголемена за само 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП