27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda постепено ја открива новата „Fabiа“

Škoda постепено ја открива новата „Fabiа“

fabria nova

На првите фотографии на прототипот на третата генерација на моделот „Fabia“, „Škoda“ ја отстрани маскирната фолија. Во следната фаза на тестирања, автомобилите не беа во целост „камуфлирани“, па така сега имаме подобра претстава за изгледот на овој модел.

Како што и се очекуваше, новата „Fabia“ ги превзема стилските детали од моделот „Rapid“, a во однос на претходната генерација, која беше заоблена, овој модел има многу повеќе остри линии и агли.

fabria nova1

„Škoda“ и натаму се обидува да прикрие некои елементи, како што се фаровите и стоп светлата, но конечниот изглед на овие делови може многу лесно да се претпостави.

Во однос на актуелната верзија, новата генерација има поширока и потенка маска на ладилникот и аголни фарови, додека деталите на задниот дел на возилото многу потсетуваат на моделот „Rapid“.

fabria nova2

Стоп светлтата ќе бидат нешто помали, отколку овие што се прикажани на фотографиите, а со оглед на тоа дека „Škoda“ се обиде да ги замаскира со фолија, тие нема да ја преминуваат површината на вратата на багажникот.

На сликите може да се видат неколку прототипови, меѓу кои и оние со две бои, кај кои покривот е во друга боја.

fabria nova3

Тоа покажува дека „Škoda“ ќе посвети доста внимание на пресонализација на овој модел, па така да им се доближи до желбите на купувачите, особено младите.

Светската премиера на новата „Fabiа“ ќе се одржи на парискот авто-саем во октомври. Се очекува пред тоа „Škoda“ да оддржи „online“ презентација на овој модел, кога ќе ги видиме и првите официјални фотографии и ќе дознаеме повеќе детали за овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП