4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens гаси 11.600 работни места

Siemens гаси 11.600 работни места

Siemens-headquarters-in-M-007

Извршниот директор на германската компанија „Siemens“, Џо Касер, извести дека ќе бидат елиминирани најмалку 11.600 работни места и на тој начин ќе се намалат трошоците за работењето за околу една милијарда евра.

Околу 7.600 работни места ќе бидат елиминирани во рамките на програмата за реструктуирање и создавање на нова деловна организација, која во иднина ќе биде насочена кон поефективно работење, а 4.000 ќе бидат елиминирани поради кратењето на дуплите позиции за кои реално повеќе не постои потреба, пренесува Ројтерс.

Планираните намалувања на работната сила претставуваат три проценти од вкупниот број на вработени во „Siemens“.

Исто така, од компанијата објавија дека и за останатите вработени ќе бидат воведени промени, односно, некои вработени ќе бидат распределени на нови работни позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП