16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД бараат седум милијарди евра отштета од „БНП Парибаc“

САД бараат седум милијарди евра отштета од „БНП Парибаc“

bnp33

Француската банка „БНП Парибаc“, која е обвинета од американските судови дека го прекршила ембаргото на САД кон Иран, Судан и Куба во периодот од 2002 до 2009 година, веќе извесен период преговара за висината на казната која достигнува астрономски износи, јави дописникот на МИА од Париз.

„БНП Парибаc“ тврди дека во својот буџет предвидела 1,1 милијарди долари за да ја плати евентуалната казна, но таа набрзина порасна од три милијарди долари, на пет, за да достигне 10 милијарди долари, односно седум милијарди евра, објави „Волстрит Џурнал“.

Според весникот, банката се обидува да ја намали казната на осум милијарди долари и времено да ја избегне забраната за трансакции од и кон САД. Оваа санкција може да биде избегната со евентуалните преговори кои се во тек.

Ваквата мерка би бил тежок удар за „БНП Парибаc“, која преку својата банка за инвестиции од Њујорк го остварува својот најголем профит во меѓународните трансакции. Секоја времена суспензија може да има тешки последици по угледот на банката и може да доведе до нејзина дестабилизација.

Високата казна на која е изложена банката е во висина на нејзиниот едногодишен профит.

Гувернерот на Банката на Франција, Кристијан Нуајер пред неколку дена тврдеше дека сите трансакции за кои е обвинета „БНП Парибаc“ во САД, биле легални и во согласност со европските и француските закони и правила, односно дека банката не ги прекршила овие правила, како ниту тие на Обединетите нации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП