20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови инвестиции од 1,5 милијарди долари на Филипините

Нови инвестиции од 1,5 милијарди долари на Филипините

UST_filipini

Филипинскиот национален борд за развој, по неколкудневна маратонска расправа, даде зелено светло за шест инвестициски проекти за водоснабдување и сообраќај во кои ќе бидат вложени милијарда и пол долари.

За спроведувањето на проектите лично се грижи филипинскиот претседател Бенињо Акино.

Со јавно-приватна сопственост ќе се изградат две големи акумулации со кои треба да се реши проблемот со снабдување со вода за пиење на главниот град Манила и околината, а ќе се реновираат и два аеродроми и железичка пруга во внатрешноста на архипекагот.

Инвестициите треба да придонесат и за подобрување на вкупните резултати на филипинската економија која, по пораст на БДП-то од седум до 12 отсто во последните четири години, годинава предвидува раст од само 2 проценти, поради големи природни катастрофи што се случија лани.

Најголеми штети на филипинската економија предизвикаа ураганот Јоланда, еден од најјаките во светот во последните 20 години и катастрофалниот земјотрес од 6,9 степени кој нанесе огромни штети на речиси половина од вкупната територија на Филипините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП