2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА80 светски лидери по трет пат ќе се едуцираат во Македонија

80 светски лидери по трет пат ќе се едуцираат во Македонија

raaaa

Република Македонија по трет пат е домаќин на летната школа “Институт за подготовка на глобални лидери” на која ќе земат учество 80 млади лидери од 40 земји од целиот свет. Еминентни предавачи од областа на политичка комуникација и лидерство, дипломатија, бизнис администрација и граѓански активизам од земјава и странство ќе ги обучуваатидните генерации за ефикасно и етичко глобално лидерство.

raaaa

„Среќни сме што трета година по ред ја организираме меѓународната PGL летната школа токму во Македонија. Како изминатите две години така и оваа имаме учесници од целиот свет кои сакаат да добијат знаење и стекнат вештини кои ќе ги применат по враќањето во своите земји. Институтот ги следи своите алумни кои веќе бележат успеси на глобално ниво, а нивниот лидерски потенцијал е препознаен од многубројни меѓународни организации и транснационални корпорации. Ексклузивната програма за сеопфатно лидерство ќе ја реализираат реномирани меѓународни предавачи кои се и лични советници на влади, кралства и интернационални бизнис комори. Повикот за аплицирање е отворен до 23 јуни на веб страната http://pglinstitute.org/“ вели Ивана Стојаноска, Директор за стратешки иницијативи на Институтот за подготовки на глобални лидери.

 reeeeee

Институтот се организира со цел да се подготват идните млади лидери да размислуваат глобално и заеднички да делуваат за меѓународна кохезија и развој. Според мониторингот кој го прави Институтот се констатира дека изминатите две години учесниците од целиот свет веќе активно ги реализираат своите иницијативи и успешно ги насочуваат младите во своите земји.

riiiiii

Летната школа е организирана од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи “ТРЕТ МИЛЕНИУМ”, и ќе се одржи во градовите Струга, Битола и Скопје, од 12-24 август, 2014 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП