23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеповолниот курс го намали профитот на Tatа

Неповолниот курс го намали профитот на Tatа

tata motors

Индиската автомобилска компанија „Tata Motors“ во четвртиот квартал од финансиската 2013/2014 година забележа пад на профитот од 0,7 отсто на годишно ниво.

Во период од јануари до март 2014-та година добивката на „Tatа“ беше 39,18 милијарди рупии (488 милиони евра), пренесе „BBC“.

Виновник за лошите резултати, според раководството на компанијата, е неповолниот курс на националната валута, затоа што нивниот промет и продажба се зголемени.

Прометот на индиската компанија во првите три месеци од оваа календарска година е зголемен за 16 проценти или на 647,16 милијарди рупии. Меѓутоа, неповолниот девизен курс ги намали нејзините приходи за 3,55 милијарди рупии, поради ревалоризација на девизните депозити.

Зa резултатите во изминатиот квартал, индиската компанија треба да се заблагодари на британското одделение „Јaguar-Lаnd Rover“, кое „Tata Мotors“ го купи во 2008-та година. Вкупната продажба на британската фабрика порасна за осум проценти на годишно ниво.

Од друга страна, продажбата на патнички автомобили, теретни возила и автобуси во продукција на „Tata Мotors“ на домашниот индиски пазар во споменатиот период забележа пад од 36 отсто.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП