3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМлади дизајнери од Македонија на изложба во Загреб

Млади дизајнери од Македонија на изложба во Загреб

zagreb12

Млади дизајн бреднови од Македонија денеска ќе се претстават на изложбата под традицоналниот наслов „Министерство за задоволство во Загреб на „Дан Д“. На изложбата, во организација на Јавна соба, ќе бидат претставени Завар Дизајн, Творница, Нина Нинеска и Лотус.

Јавна соба изврши селекција на четири реномирани и млади македонски дизајн брендови кои ќе се претстават на регионалната сцена. Јавна соба е еден од иницијаторите за бреднирање на “балкански дизајн” и колективен настап на глобална сцена. Во рамки на развој на таа независна платформа, е соработката со регионалните дизајн фестивали.

Покрај Загреб, младите дизајнери ќе се претстават и во Белград од 5 до 8 јуни и “Тирана недела на дизајн и архитектура” од 23 септември до 15 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП