25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLukoil: Пад на профитот според критериумите во САД

Lukoil: Пад на профитот според критериумите во САД

padpadot

Нето профитот на „Lukoil“, пресметан според американските критериуми, е намален во првиот квартал од оваа година за 33 проценти, на годишно ниво, на 1,73 милијарди долари.

Според соопштението на компанијата, негативно влијание на добивката на „Lukoil“ имала еднократната загуба од 358 милиони долари поради продажбата на уделот во „Caspian Investment Resources Ltd“, како и загубата од 162 милиони долари од отписот на геолошки истражувања во Северна Африка.

Приходите на „Lukoil“ притоа се зголемени од 33,7 милијарди на 35,6 милијарди долари, пренесува Итар тас.

Профитот пред оданочување е намален во однос на првиот квартал од 2013 година за 28,8 проценти на 2,4 милијарди долари.

Во првите три месеци од оваа година „Lukoil“ има произведено 22,5 милиони тони (166 милиони барели) нафта, 1,9 проценти повеќе отколку една година претходно, се наведува во соопштението на компанијата.

Дневното производство на нафта е зголемено за 1,8 проценти на годишно ниво, на 1,88 милиони барели нафтен еквивалент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП