25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина доби кредит од 750 милиони долари

Украина доби кредит од 750 милиони долари

14474864985372751a6b8b7511332916_640x427

Украина доби кредит од Светска банка во висина од 750 милиони долари, соопшти украинското министерство за финансии.

Средствата ќе бидат искористени за спроведување на стратешки институционални реформи, со цел надминување на кризата и стабилизација на финансиската и економската ситуација во земјата и поставување на темел за одржлив и балансиран раст на Украина, се наведува во соопштението на министерството.

Украинската влада претходно соопшти дека првиот заем од 750 милиони евра ќе биде насочен кон поддршка за буџетот, пренесува Итар тас.

Исто така, локалните термо-енергетски компании во десет градови ќе добијат 382 милиони долари во рамките на проектот за зголемување на енергетската ефикасност. За развој на градската инфраструктура ќе бидат издвоени 350 милиони долари за десет водоводи и комунални претпријатија за одложување на цврстиот отпад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП