28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР: Три милијарди евра штети од поплавите во Србија и БиХ

ЕБОР: Три милијарди евра штети од поплавите во Србија и БиХ

poplavi-srbijabih

Минатонеделните поплави на Балканот предизвикаа директна штета од околу три милијарди евра, што може негативно да влијаат на економскиот раст, како и да придонесе за зголемување на инфлацијата, соопшти Европската банка за обнова и

Според првични груби проценки на Банката, како што јави ДПА, Србија претрпела директни штети од 1,5 до 2 милијарди евра, а Босна и Херцеговина од 1,3 милијарди евра.

Поплавите нанеле значителни штети во земјоделството, кое учествува со 10 проценти во бруто домашниот производ на Србија и шест проценти во БДП на БиХ. Очекуваните загуби во оваа сфера се стотици милиони евра.

Сериозно се погодени и производството на електрична енергија и рударството во Србија, додека поплавите нанесоа оштетувања на транспортната инфраструктура на двете земји, наведува ЕБОР.

Последиците од поплавите може дополнително да ги забават реформите во двете држави, предупредува банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП