29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинчо Јорданов повторно прв на листата на „Форбс“

Минчо Јорданов повторно прв на листата на „Форбс“

minco-jordanov

Списанието ,,Форбс” и оваа година го рангираше како најбогат во Македонија според пазарната вредност на акциите на неговите компании- ,,кралот на челикот” Минчо Јорданов, а веднаш зад него следи генералниот директор на АД Макпетрол, Андреа Јосифовски.

Според магазинот, Минчо Јорданов цврсто се држи на првата позиција, но Андреа Јосифовски значително му се приближува.

Листата на најбогати бизнисмени во регионот според ,,Форбс” ја предводи сопственикот на Агрокор, хрватот Ивица Тодориќ со 735 милиони евра, потоа следи ,,кралот на шекерот” во Србија, Миодраг Костиќ со 520 милиони евра и Санди Чешко сопственик на најголемата компанија за телевизиска продажба во регионот ,,Студио Модерна” со 460 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП