29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФида ги претстави мoжностите за инвестирање во Македонија на холандскиот РТЛ 7

Фида ги претстави мoжностите за инвестирање во Македонија на холандскиот РТЛ 7

fida-naslov

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р.Македонија, Висар Фида во ексклузивно интервју за емисијата Бизнис Канал, која се емитува на холандската телевизија РТЛ 7, ги претстави можностите за инвестирање во земјата.

Во интервјуто Фида ја претставува Македонија како атрактивно место за инвестиции, потенцирајќи ги низата поволностите кои ги добиваат странските инвеститори.

Бизнис Канал е национална и меѓународна програма на РТЛ 7 со висока гледаност каде амбасадори, директори на агенции за инвестиции, економски дипломати од целиот свет отворено ги претставуваат можностите за бизнис. Исто така на истата емисија гостуваат претприемачи и компании кои имаат можност да ги презентираат своите бизниси пред 250.000 гледачи.

Целосното интервју може да го погледнете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=JJRuQ7LSjvs&feature=youtu.be

Visar_Fida_02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП