29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Газпром“: Изградбата на „Јужен поток“ во Србија може да почне во јули

„Газпром“: Изградбата на „Јужен поток“ во Србија може да почне во јули

JuzniTokBETA

Директорот на одделот за меѓународни проекти на рускиот гасен гигант „Газпром“, Александар Сиромјатин денеска соопшти дека изградбата на делот од гасоводот „Јужен поток“ низ Србија може да почне во јули.

На денешната прес-конференција во Белград Сиромјатин изјави дека за две недели треба да биде потпишан договорот за заем, што „Газпром“ ќе и го одобри на српската компанија „Србијагас“ за изведување на овој проект.

Кредитот од 275 милиони евра ќе биде даден под најповолни услови, бидејќи е со камата од околу четири проценти.

Сиромјатин додаде дека следната недела се очекува да биде објавен победникот на тендерот за изведувач на проектот „Јужен поток“ во Србија, а потоа да се потпише и договорот со него.

Тој посочи дека реализацијата на проектот „Јужен поток“ се одвива по планот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП