26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавите од поранешна Југославија ќе поделат 25 милиони евра „замрзнати“ во Франција

Државите од поранешна Југославија ќе поделат 25 милиони евра „замрзнати“ во Франција

sfrj zemji

Државите наследнички на поранешна Југославија со судска пресуда добија право да поделат 25 милиони евра од фондовите на некогашна Народна банка на СФРЈ, што беa замрзнати во Франција, објави денеска бањалучкиот весник „Независне новине“, повикувајќи се на извори во Министерството за финансии на Босна и Херцеговина.

Трговскиот суд во Париз, според овој извор, претходно во текот на мај донел правосилна пресуда за одмрзнување на средствата што централната банка на некогашната заедничка држава ги ставила на сметките на банката „Креди Агрикол“.

Во прашање е износ од точно 24,44 милиони евра и тоа без камата на средствата што биле блокирани уште од 1996 година.

Расположливите пари треба да бидат поделени меѓу државите-наследнички на поранешна СФРЈ, согласно претходно постигнатата спогодба за сукцесија.

Француската банка не сакаше да дозволи располагање со овие пари без судска пресуда, а формалната постапка пред Трговскиот суд во Париз беше почната во 2013 година од страна на Народната банка на Србија.

Спогодбата за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ државите-наследнички ја потпишаа во 2001 година.

Со Анексот Ц од спогодбата дефинирана е поделбата на расположливите финансиски средства. Се уште постојат несогласувања околу средствата што биле ставени на чување на девизните сметки на поранешна СФРЈ во југословенските банки за заеднички вложувања во странство. Кога спогодбата беше постигната, тир средства беа проценети на 645 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП