29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул со официјална понуда за Морено

Ливерпул со официјална понуда за Морено

moreno22

Раководството на Ливерпул испрати официјална понуда во вредност од 16 милиони фунти за левиот бек на Севиља, Алберто Морено. „Црвените“ се подготвени да го понудат и шпанскиот напаѓач Сусо како дел од договорот.

Алберто Морено ја предводи листата на менаџерот Брендон Роџерс за позицијата на лев бек. Покрај него, варијанти за Роџерс се Гилерме Сикеира од Гранада и Рајан Бертранд од Челзи.

Морено имаше многу добра сезона за Севиља, како во Примера дивизион, така и во Лига Европа, каде неговиот тим триумфираше во пресметката со Бенфика. Левиот бек заслужено стигна и во составот на Шпанија за СП 2014.

21-годишниот Морено е сметан за еден од новите ѕвезди на шпанскиот фудбал.

„Црвените“ имаат потреба од нов лев бек, откако договорот на Али Сисоко со тимот истекува. Хозе Енрике пропушти поголем дел од минатата сезона поради повреда, но се очекува да биде подготвен за почетокот на новата сезона. Сепак, Роџерс ќе бара нов дефанзивец поради фактот дека тимот ќе игра во Лигата на Шампионите и потребата од подолга резервна клупа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП