Остануваат уште само три дена до завршувањето на големата пролетна кампања секој “Секој има среќен ден во Рамстор Мол”. Во изминатите четири недели посетителите на трговскиот добија единствена можност за купување на попуст преку кампањата која привлече голем број на домашни и странски посетители во Рамстор Мол.
Во текот на месец мај секој петок, сабота и недела освен можноста за купување на попуст, Рамстор Мол по примерот на светските трговски центри за посетителите постојано подготвуваше голем број на изненадувања со цел престојот и купувањето да биде пријатно и убаво искуство за секого.
За последната недела од кампањата “Секој има среќен ден во Рамстор Мол”, од трговскиот најавуваат уште една бура од пријатни изненадувања за сите кои во текот на термините за кампањата ќе го посетат трговскиот.
Последниот среќен петок, oд 17 до 22 часот е наменет за дамите, саботата е резервирана за момците, а во недела од 13 до 20 часот попусти за најмалите.
Од трговскиот ги повикуваат сите љубители на добриот шопинг да повелат во Рамстор Мол да купуваат и да уживаат во изненадувањата подготвени за верните потрошувачи .