2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестиции и финансиско стабилизирање најавува Тутунски по договорот со „Филип Морис“

Инвестиции и финансиско стабилизирање најавува Тутунски по договорот со „Филип Морис“

4EACE3A3-E4FD-4F29-B678-150743C8A5CB_mw1024_s_n

Финансиско стабилизирање, вложување во фабриката и двојно поголема продажба на цигари најавува новото раководство на Тунтускиот комбинат Прилеп по потпишувањето на договорот со „Филип Морис“.

Новото друштво во кое „Филип Морис“ ќе има 51 отсто, а Тутунскиот комбинат 49 проценти од сопственоста, ќе биде екстра профитабилно со мал број вработени, околу 30, и ќе се грижи за пласманот на брендовите на дете компании, изјави денеска на прес-конференција генералниот директор на Комбинатот Александар Дерменџиев.

Според Дерменџиев, сите брендови на Комбинатот и на „Филип Морис“ ќе се произведуваат во фабриката за цигари.

Во првата фаза ќе продолжат производството и пласманот на брендовите на комбинатот, за потоа, откако ќе се модернизира опремата, да се произведуваат и брендовите на „Филип Морис“, објасни Дерменџиев, најавувајќи значителни вложувања во модернизација на фабриката.

Во Комбинатот приоритет е домашниот пазар. Сега неговите брендови се присутни со 18 отсто, а на „Филип Морис“ со четири проценти. Интенција е двојно да се зголемат.

Како што додаде Дерменџиев, во договорот не е опфатен бројот на вработените, но ќе има сигурност за откупот на тутунот и за кооперантите.

На наше инсистирање, вклучен е и доелот за тутун каде е опфатен и откупот. Во десетгодишната соработка ќе има откуп на значителни количества тутун што е сигурност за кооперантите во однос на исплатата и за задржување на договорените количества за откуп, рече генералниот директор.

Според него, не е исклучена и приватизацијата на Комбинатот.

„Филип Морис“ преку новото друштво ќе издвои значителна сума, неповратна, за модернизација во комбинатот. Можно е, доколку овој вид на соработка се покаже продуктивен, да има и приватизација на Комбинатот, истакна Дерменџиев.

Новото друштво Филип Морис-Тутунски комбинат Прилеп ќе се регистрира за неколку дена. Се очекува да профункционира од август, а брендовите на Комбинатот преку Друштвото ќе се најдат на пазарот до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП