28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMсLaren за 10 години ќе произведува само хибриди

MсLaren за 10 години ќе произведува само хибриди

meklarenok3

Неодамна „MсLaren“ го претстави „650S“ како замена за „12C“, a за следната година компанијата го најавува моделот „P13“. По него, во 2017-та година пристигнува „P15“, а малку во подалечна иднина ќе биде лансиран „P1“, што ќе доведе до тоа за 10 години целата понуда на овој производител на спортски автомобили да биде составена од возила со хибриден погон, а ова го потврди и извршниот директор Мајк Флевит.

Во едно интервју, Флевит објасни дека за 10 години ќе произведуваат помеѓу 4.000 и 6.000 автомобили на годишно ниво и дека сите модели ќе бидат хибриди, иако некои од нив ќе ја користат основната форма на хибриден погон.

Флевит додаде дека сосема е можно во нивната понуда да се најде и целосно електричен автомобил, што не треба премногу да изненади, затоа што „MсLaren“ моментлно е единствениот снабдувач на електромотори за новиот „Formula E“ шампионат на електрични болиди.

Кога станува збор за учеството во моментално најпопуларните „SUV“ и кросовер сегменти, Флевит рече: „Немаме технологија, ниту платформа погодна за „SUV“, но тие не се вклопуваат во идеата „MсLaren“. Никогаш не вели никогаш, меѓутоа „SUV“ не ние е во план, затоа што ние сме производители на спортски автомобили“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП