24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank: Нето добивката во првиот квартал е намалена за 18 проценти

Sberbank: Нето добивката во првиот квартал е намалена за 18 проценти

sberbankata

Рускиот банкарски гигант „Sberbank“ денес извести дека во првиот квартал од 2014 година забележал пад на нето добивката за 18 проценти во споредба со истиот период минатата година, поради зголемувањето на резервациите за лошите кредити во контекст на руско-украинската криза.

Нето добивката на најголемата руска банка според имотот во првиот квартал изнесувалa 72,9 милијарди руски рубљи (2,1 милијарди американски долари), наспроти 88,5 милијарди рубљи остварени една година претходно.

Економистите прогнозираа нето добивка од 78,2 милијарди рубљи.

Во услови на влошување на состојбата во руската економија поради Украина, „Sberbank“ повеќе од двојно ги зголеми резервациите за потенцијалните загуби по кредити, на 77,1 милијарди рубљи. Во истиот период минатата година тие изнесуваа 31,8 милијарди рубљи.

Уделот на лошите кредити во вкупното кредитно портфолио на „Sberbank“ во наведениот период е зголемен на 3,2 проценти, наспроти 2,9 проценти колку што изнесуваше на крајот на 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП