4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco и локална компанија го создадоа најголемиот синџир за храна во Кина

Tesco и локална компанија го создадоа најголемиот синџир за храна во Кина

CHINA TESCO NEW SUPERMARKET

Британскиот синџир за трговија на мало „Tesco“ денеска соопшти дека е завршена трансакцијата со државната кинеска компанија „China Resources Enterprise“ за создавањето на најголемиот прехранбен синџир во Кина, пренесоа агенциите.

„Tesco“ не успеа да забележи успех со своите продавници самостојно и сега ќе ги спојат околу 130 свои супермаркети во земјата, со 3000 супермаркети на „Vanguard“, раководени од „China Resources Enterprise“.

Главниот извршен директор на кинеската компанија Хун Цзе истакна дека договорот е исклучително важен настан за развојот на фирмата, затоа што заедничката компанија ќе го подобри работењето, растот и ќе го зголеми профитот.

Шефот на „Tesco“ Филип Грин потенцираше дека договорот е историски. „China Resources Enterprise“ ќе поседува 80 проценти од новата компанија, а „Tesco“, кој има инвестирано 345 милиони фунти, ќе поседува 20 проценти.

Британскиот синџир ќе има две места во одборот на директори, кој ќе има максимум 10 членови.

Во март „Tesco“ соопшти дека ќе инвестира 85 милиони фунти во заедничката компанија 50-50 со индиската фирма за трговија на мало „Trent Hypermarket Ltd“ на групацијата „Tata“. „Trent“ управува со продавниците „Star Bazaar“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП