6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците да ги заштитат посевите од штетници, апелираат агрометеоролозите

Земјоделците да ги заштитат посевите од штетници, апелираат агрометеоролозите

polinja dozd

Земјоделците да ја искористат секоја можност за заштита на посевите, редовно да ги прскаат особено поради најавата за вечерашниот нов бран врнежи во Македонија, велат агрометеоролозите.

Моментните услови поради високата влажност се особено погодни за развој на болести и штетници.

„За само еден до два дена може да се уништи целиот род зашто има премногу пламеница и пепелница. Тие може да направат катастрофа. Но, регистрирана е и појава на житна пијавица која тешко ќе се искорени зашто житата се веќе искласани“, изјави Ангелко Ангелески од Управта за хидрометеорлошки работи.

Под ризик се, додаде, и овошките и виновата лоза. УХМР за ноќва прогнозира обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП