28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрменија сака прием во Евроазиската унија

Ерменија сака прием во Евроазиската унија

Armenia-flagsyjh76uj76u6

Ерменскиот претседател Серж Секисјан побара денес и неговата земја да биде примена во новата Евроазиска економска унија до 15 јуни оваа година, пренесува Итар тас.

„Барам од вас да одредите рок за прием на Ерменија во Евроазиската економска унија“, изјави Саркисјан на седницата на Евроазискиот економски совет.

Тој додаде дека неговата земја е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за што поскоро да потпише договор за пристапување кон Унијата.

Шефот на Евроазиската економска комисија, Виктор Хриштенко, претходно ијзави дека јуни е реален рок за подготовка на документите за потпишување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП