28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА8 едноставни начини да го убедите вашиот шеф дека сте фантастични

8 едноставни начини да го убедите вашиот шеф дека сте фантастични

46077_shutterstock-130099700

Без разлика дали се работи за покачување, унапредување или добра препорака, сите сакаме да го импресионираме шефот.  Во овие тепки времиња сите сакаме да се покажеме во што подобро светло. Но дали сте подготвени да работите прекувремено и да работите за време на викенд? Еве што треба да направите за да го импресионирате шефот и да му покажете дека сте незаменливи.

1. Измамете го времето

Повеќето шефови доаѓаат во исто време во канцеларија. Обрнете внимание на тоа. Доколку вашиот шеф секое утро доаѓа во 7:50, вие дојдете во 7:45 (дури и ако работното време ви започнува во 8 часот).

Ако дојдете пред шефот, му испраќате сигнал дека ја сакате својата работа и дека сакате да работите. Затоа својата пауза подоцна во текот на денот, можете да ја продолжите за 15 минути.

2. Кажете „Добро утро“

Колку и да се чувствувате поспани, безволни или мамурни наутро, навлечете широка насмевка на лицето и посакајте му добро утро на шефот.

Само овие два збора би можеле да ве класифицираат во помнењето на шефот како некоја која секогаш допринесува за убав почеток на неговиот ден.

3. Волонтирајте стратешки

Ако сте на состанок и ако се бара волонтер за некоја работа, бидете првата која ќе се пријави. На тој начин ќе делувате ангажирани и со добра волја. Ова тешко ќе го остварите ако сте и онака затрупани со работа, но ако се пријавите за волонтирање на нешто што е предизвик, ќе ја подобрите сликата која луѓето ја имаат за вас.

4. Бидете мајстор за принтерот

Дури и ако тоа нема врска со описот на вашето работно место, дознајте каде стојат резервните тонери за печатачот и како да ги наместите. Кога принтерот ќе се расипе, прашајте некој да ви покаже како да го поправите. Кога на вашиот шеф ќе му се расипе принтерот а тој е во збрка, вие ќе го спасите и тој нема да го заборави тоа.

5. Кажете „Благодарам“

Ако сте добиле покачување, ако сте унапредени или сте добиле еден ден одмор повеќе, задолжително заблагодарете му се на шефот. Ако е возможно, заблагодарете му се веднаш директно и најдете уште некој начин да му покажете благодарност. За тоа, не ви се потребни повеќе од 10 минути…

Напишете му мејл на шефот во кој ќе му се заблагодарите. Што мислите, кој кој ќе биде прв на листата следниот пат кога ќе има покачување?

6. Сварете кафе

Заради ова ќе ве сакаат многу луѓе од вашата канцеларија, не само шефот. Секогаш кога сте во можност, прашајте го шефот дали сака кафе (но не претерувајте, бидејќи ако го прашувате неколку пати дневно, ќе постигнете спротивен ефект). Тој мора да забележи дека вие сте само пријателски насторен работник кој се грижи за него.

7. Користете го вистинскиот жаргон

Добро обрнете внимание на речникот на вашиот шеф. Внимавајте како ги пишува мејловите, како разговара на состаноците, а како разговара насамо со вас. Мора да бидете на иста бранова должина со својот шеф. Некогаш може да се извлечете од нешто само со неколку вистински зборови.

8. Лажирајте ентузијазам

Дури и ако ви е досадно на работа, лажирајте ентузијазам секогаш кога можете. Навлечете широка насмевка на лицето и ентузијастично зборувајте им на сите за својата работа. Вашиот шеф ќе мисли дека искрено сте посветени на својата работа. А најверојатно и самите вие ќе уживате во неа доколку така се однесувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП