3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕДС ќе излезе со најдобра понуда за снабдување со струја на малите...

ЕДС ќе излезе со најдобра понуда за снабдување со струја на малите компании

struj

ЕДС ќе излезе со најдобра понуда за малите компании во следната фаза на либерализација на пазарот на струја.

„Зошто најдобра понуда. Затоа што ние сме единствени што може да понудат најдобри услови. Таа компанија што ја има најголемата балансна група може да даде најдобра цена, по најдобри услови и истите да ги исполни во целост. ЕДС има најголема балансна група од 64% од целосно либерализираниот пазар на струја. Тоа значи дека во секој момент може да се направи баланс на различните потреби на компаниите без опасност да се покачи цената на струјата. Минатиот месец средните компании што станаа клиенти на ЕДС сами се сведоци на разликата во цената и во квалитетот. Односно дека ветувањата и договорите ги исполнивме во целост. Тоа што другите го нудат како поволноство иднина, нашите клиенти го имаат во овој момент. Тоа е пониска цена и поголем квалитет. Секој пад на монопол значи поголема конкуренција, различни пакети на понуда и секако различни цени. Квалитетот пак, мора да е на високо ниво. Кај нас компаниите немаат потреба да најавуваат дневно количество на потрошувачка на струја, ниту пак во нивните фирми да прават кадровски-технички измени. За нивните потреби се грижи тимот на ЕДС којшто комплетно го врши балансирањето на струја. Сите трошоци за балансирањето влегуваат во основната цена на струјата и компаниите не добиваат сметки со скриени трошоци“, изјавија од ЕДС.

Од компанијата изјавија дека се сигурни дека следната фаза на либерализација ќе придонесе за големо намалување на цената на струја кај малите компании.

„Кога станува збор за искуство за продажба на струја, зад нас стои 15 години искуство. Единствени сме со развиена мрежа за снабдување со електрична енергија, лиценцирани брокери на берза за струја. Како компанија котираме на меѓународната берза за набавка на струја. Ова се нешта со кои сме единствена македонска компанија на пазарот“, додаваат од ЕДС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП