10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Богданци отворена канцеларија на Агенцијата за вработување

Во Богданци отворена канцеларија на Агенцијата за вработување

bogdanci-parkhythtyhyh

Во Богданци почна со работа дисперзираната канцеларија на Агенцијата за вработување која ќе работи во рамки на гевгелискиот Центар за вработување.

Директорот на Агенцијата Влатко Поповски изјави дека дисперзираната канцеларија се отвора со цел да им се олесни пријавувањето на невработените лица од Богданци и Дојран и тие полесно да се запознаат со активните мерки за вработување.

Според градоначалничката на Богданци, Анастасија Олумчева, дисперзираната канцеларија ќе ги подобри услугите за корисниците на пазарот на трудот и ќе овозможи ефикасно решавање на нивните барања.

Директорката на гевгелискиот Центар за вработување Даница Гавриловска информира дека канцеларијата во Богданци ќе опслужува околу 700 активни баратели на работа и 300 пасивни лица кои бараат работа.

Канцеларијата е сместена во зградата на општина Богданци и ќе работи секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП