28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија, Казахстан и Белорусија формираа Евроазиска унија

Русија, Казахстан и Белорусија формираа Евроазиска унија

rusijabelorusijakazahstan

Претседателите на Русија, Казахстан и Белорусија денес потпишаа договор за создавање на голем трговски блок, од кој очекуваат дека ќе биде економски конкурент на Америка, Европската унија и Кина.

Договорот за основање на Евроазиска економска унија стапува на сила на 1 јануари 2015 година, откако формално ќе биде потврден во националните парламенти на овие три земји.

„Нашиот денешен состанок е посебен, и без претерување, има епохално значење“, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред потпишувањето на документот во Астана, главниот град на Казахстан.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев изјави дека новиот сојуз е „мост помеѓу истокот и западот“.

Новиот блок заедно има повеќе од 170 милиони жители и домашен производ од околу 2,7 илјади милијарди долари. Казахстан и Русија се големи производител на нафта.

Со овој договор е продлабочена и соработката започната со создавањето на царинската унија во 2010 година. Сојузот ќе гарантира слободен транзит на стока, услуги, капитал и работна сила, а трите држави ќе ја координираат политиката во големите економски сектори.

Украинските власти одлучија да не влезат во овој сојуз по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович во февруари и нарушувањето на односите со Москва по спојувањето на Крим со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП