4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Serbia „на позитивна нула“

Air Serbia „на позитивна нула“

air-serbia-3grtg54t54

Работењето на авиoкомпанијата „Air Serbia“ би требало оваа година да биде на „позитивна нула“, изјави директортот на „Air Serbia“, Дане Кондиќ.

Во текот на шест месеци од основањето, „Air Serbia“ изгради солидна основа и е на пат кон позитивна нула во 2014 година. Подоброто работење е доказ дека нашата стратегија, заснована на цврсто раководење, современа флота, проширување и добра организација на сообраќајната мрежа, дава резултати“, изјави Кондиќ.

Тој оцени дека „Air Serbia“ ќе стане водечка авиокомпанија во регионот, што позитивно ќе влијае на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, со цел тој да стане регионален центар за воздухопловен транспорт.

Во првиот квартал од оваа година „Air Serbia“ за 47 проценти ги зголеми своите приходи во однос на истиот период минатата година, но не е наведено колку изнесуваа тие.

Транспортирани се 364,924 патници, што е за 66 проценти повеќе, и 175 тони товар, што е за 46 проценти повеќе во однос на првиот квартал во 2012 година.

„Air Serbia“ е заеднична компанија на Владата на Србија и авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати „Etihad“. Таа е наследник на „Jat Airways“ и работи од октомври 2013 година.

„Jat Airways“ во 2013 година имаше загуба од 73 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП