28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина се уште ја прогонуваат кредитори

Аргентина се уште ја прогонуваат кредитори

21316881565386ec0a89a58110208603_640x480

Парискиот клуб на кредитори соопшти денес дека со Аргентина постигнал договор за враќање на речиси десет милијарди долари од заостанатиот долг и обновување на исплатата.

Претставниците на Парискиот клуб и Аргентина „договорија аранжман за чистење на аргентинскиот заостанат долг во период од пет години“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Франс прес.

Според условите на договорот, кој се однесува на долг од 9,7 милијарди долари, Аргентина до мај 2015 година ќе уплати минимум 1,150 милијарди долари, а наредната уплата би требало да следи во мај 2016 година.

„Реализацијата на уплатата е важен и неопходен чекор за нормализација на финансиските односи меѓу кредиторите од Парискиот клуб и Аргентина“, се наведува во соопштението на оваа неформална група на финансиски официјални претставници од 19 најбогати земји во светот.

На овој начин, Аргентина, која во 2001 година банкротираше поради рекордниот долг од 95 милијарди долари, се обидува да го реши спорот со кредиторите, бидејќи сака да се врати на пазарот на капитал и да спречи понатамошен пад на девизните резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП