12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Electric ја подобри понудата за Alstom

General Electric ја подобри понудата за Alstom

asltom voz

Aмериканскиот индустриски конгломерат „General Electric“ (GE) ја подобри понудата за францускиот производител на возови и турбини „Alstom“, особено во поглед на влијанието на аквизицијата на работните места, вели официјален претставник од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Денеска гледаме дека понудата на „GE“ е подетална, подобрена и зајакната“, рече претставникот од кабинетот на Оланд, додавајќи дека ги чека уште работа.

Неговата изјава е по состанокот на Оланд и извршниот директор на „GE“, Џеф Имелта, која сигнализира промена на тонот во Париз, бидејќи француската влада многу ја критизираше 16,9 милијарди долари вредната понуда на американската компанија за „Alstom“.

Вчера Имелт на француските политичари им кажа дека нивната групација темелно ќе се заложи за зголемување на бројот на работни места во Франција, а меѓу остантото и низ отворање на нови погони.

Француската влада бараше подобри понуди и од „General Electric“ и од „Siemens“, долгогодишниот германски конкурент на „Alstom“ кој покажа интерес, но се уште нема испратено официјална понуда. Претседателот на францускиот огранок вчера рече дека се надева дека групацијата ќе испрати формална понуда за „Alstom“ дo 16-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП