29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо- највреден фудбалер во светот

Роналдо- највреден фудбалер во светот

roni

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо има најголема маркетиншка вредност во светот на фудбалот, објави меѓународната компанија за истражување на пазарот „Репуком“.

Зад фудбалерот на Реал, односно на втората позиција е неговиот „лут„ ривал од Барселона Лионел Меси, додека на третата позиција рангиран е неговиот клупски соиграч Жерард Пике.

Истражувањето е направено на примерок од 1.5 милијарди луѓе, а беше спроведено во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Кина, Индија, Шпанија, Русија, Италија, Мексико, Бразил и Аргентина.

Освојувачот на „Златната топка„ односно признанието најдобар светски фудбалер во 2013 година Роналдо, прогласен е и за најпрепознатлив фудбалер на планетата со дури 83,9 отсто од луѓето кои знаат за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП