12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно рекорден број на невработени во Франција

Повторно рекорден број на невработени во Франција

nevrabotenost-tragedija

Бројот на регистрирани невработени во Франција порасна во април на рекордни 3,36 милиони, соопшти Министерството за труд во Париз, што претставува нов удар за француската влада, која не успева да го исполни предизборното ветување дека ќе го запре растот на невработеноста.

Вкупниот број на Французи кои бараат работа е зголемен за 440.000 од мај 2012 година, кога владата на претседателот Франсоа Оланд стапи на власт, пренесува агенцијата Франс прес.

Незадоволството на граѓаните поради високата невработеност, мерките за штедење и стагнацијата на економскиот раст во голема мера ја чинеа владата на неодамнешните локални избори, а влијаеа и на изборите за Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП