2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел повторно на првото место на листата за најмоќни жени на Форбс

Меркел повторно на првото место на листата за најмоќни жени на Форбс

merkel_103410

Германската канцеларка Ангела Меркел веќе четврта година по ред, е на првото место на листата за најмоќни жени во светот, која ја составува американскиот деловен магазин Форбс.

Следна на листата е претседателката на американската ФЕД, Џенет Елен, а на третото место е Мелинда Гејтс, ко-сопственик на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, пренесува агенцијата Франс прес.

Четвртото место го зазема претседателката на Бразил, Дилма Русеф, на петтото место е директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, а на шестото поранешната прва дама на САД и потенцијален претседателски кандидат Хилари Клинтон.

Листата на Форбс опфаќа жени од деловниот свет, медиумите, политиката, технологијата, забавата, филантропите, непрофитабилните организации и финансиите.

„Во време кога одбележуваме десетгодишнина од лансирањето на листата со 100-те најмоќни жени во светот, овие восхитувачки жени продолжуваат да оставаат голем и влијателен впечаток на глобално ниво и во сите аспекти од нашиот живот“, изјави претседателката и автор на „Форбс Воман“ Мојра Форбс.

Германската канцеларка на оваа листа досега се најде девет пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП