24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во април со раст од 2,2 отсто

Индустриското производство во април со раст од 2,2 отсто

ind proizvodstvo

Индустриското производство во април годинава бележи раст од 2,2 проценти во однос на април лани, а во првите четири месеци од годинава во однос на периодот јануари-април 2013-та е поголемо за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2014 година, во однос на април 2013, бележи пораст од 0,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 19,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во април годинава е бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,8 отсто и Капитални производи за 61,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 12,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП