1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКофи-Ставрески: Македонија лидер во ЈИЕ по индексот на економски слободи

Кофи-Ставрески: Македонија лидер во ЈИЕ по индексот на економски слободи

stavreskigovornica

Резултатите на Македонија во областа на економските слободи се над просекот и во регионот и во светски рамки. Во последното рангирање на Херитиџ фондацијата е на 43. место од вкупно 180 земји. Од почетокот на рангирањето во 2002 година има остарено одлични резултати, а реформите што се преземаат во периодот што ќе го опфати следното рангирање се очекува напредок во повеќе области и подобро рангирање.

Ова го истакнаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претставникот на Херитиџ фондацијата Лук  Кофи кои денеска остварија средба во Министерството за финансии.

Македонија оствари одлични резултати откако почна рангирањето во 2002 година. Оствари подобрувања во однос на флексибилноста на пазарот на трудот, како и во делот на привлекување странски директни инвестиции. Така што треба да се гоордеете во на што го оствари Македонија во таков краток период, изјави по средбата Кофи.

Тој посочи примери дека Македонија во светски рамки е на 43. место, а Грција е на 119, како и тоа дека Албанија е приближно во резултати до Македонија, но оти тие се на 11 места зад Македонија.

Вицепремиерот Ставрески истакна дека постои задоволство што Македонија е лидер во ЈИЕ по индексот на економски слободи. Според него, рангирањето е уште една потврда за квалитетот на економските политики и за високиот степен на економска слобода што постои во земјава.

Истакна дека е направен значаен напредок и оти од 2009 година кога сме биле рангирани на 78 место сега има напредок од 35 места при последното рангирање објавено оваа година. Верува дека во наредното рангирање ќе има уште подобри резултати.

Верувам дека преку натамошна добра соработка и доставување информации за сите нови мерки и реформи што се прават во овој период. Бидејќи индексот за 2015 година ќе го опфати периодот јули 2013 до јули 2014 година верувам дека со реформите и мерките во овој период ќе успееме да оствариме напредок во повеќе области и во следната година ќе бидеме рангирани уште подобро иако и сегашното рангирање е исклучително задоволително и високо, рече вицепремиерот.

Херитиџ фондацијата секоја година објавува рангирање со економски слободи во изминатите 20 години. Ја мери економската слобода преку четири области кои опфаќаат слобода за почнување бизнис, финансирање бизнис, заштита на сопственички права, фискалната, даночна, монетарна слобода, слобода за тргување и слично.

Според претставникот на Херитиџ фондацијата мерењето е многу важно бидејќи придонесува кон поголема стабилност, сигурност и демократија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП