10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот нафтен гигант Chevron ја напушта Бугарија

Американскиот нафтен гигант Chevron ја напушта Бугарија

chevron20280595445367acab9918f687199727_640x427

Американскиот нафтен гигант „Chevron“ ја напушта Бугарија, објави „Standart News“‎. Вчера веста за која се уште нема официјална потврда, беше распространета и од поранешниот амбасадор на Бугарија во Москва Илијан Василев.

Од 2011 година компанијата има дозвола за пребарување и истражување на гас во североисточна Бугарија во времетаење од 5 години. Таа сепак не може да работи на бугарска територија поради несогласување со новите правила кои преку парламентот се воведени во оваа земја.

„Компаниите како „Chevron“ не можат да си дозволат поради недостаток на перспективи и очигледна незаинтересираност од страна на бугарската влада да ги губат своите средства“, предупреди Илијан Василев кој потенцираше дека Бугарија на ваков начин ги губи значителните процеси, а потоа страда на економски план, но како што додаде тој, со ова се нарушува и угледот и конкурентноста на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП