27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеочекуван раст на невработеноста во Германија

Неочекуван раст на невработеноста во Германија

nevraboteni4

Невработеноста во Германија неочекуванo порасна во мај, забележувајќи најголем раст за последните шест месеци, поради забавувањето на домашната економија.

Бројот на кандидати за работа во споменaтиот месец е зголемен за 24.000 на 2,905 милиони, според податоците прилагодени на сезонските варијации, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Економистите, спротивно на тоа, во просек, очекуваа пад на бројот на невработени за 15.000, додека најголемите песимисти меѓу нив сметаа на раст на бројот на кандидати за работа за само 5.000, пренесува Ројтерс.

Стапката на невработеност, сепак останата непроменета, на 6,7 проценти.

Во бруто бројки, бројот на невработени во мај е намален на 2,882 милиони, во однос на 2,943 милиони во април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП