29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Yaris зa 2015-та (фото)

Toyota Yaris зa 2015-та (фото)

yaris

„Toyota“ ги објави првите фотографии и технички детали за редизајнираниот модел „Yaris“ зa европскиот пазар. Најважните стилски промени се случија на предниот дел на автомобилот, кој е обликуван под влијание на новата генерација на моделот „Aygo“.

Мотивот во формата на буквата „X“ кој „Toyota“ за прв пат го примени на моделот „Aygo“, нa „Yaris“ е употребен дискретно, а на предниот дел на автомобилот доминира масивната маска на ладилникот која зазема поголем дел од површината на браникот. Редизајнирани се и фаровите кои сега содржат и дневни „LED“ светла.

yaris1

Покрај тоа, променета е и формата на задниот браник, на чиј долен дел се наоѓа и дифузор, потоа дизајн за позиција на регистерската таблица, додека „LED“ технологијата е употребена и во стоп светлата.

Во понудата се и четири видови на нови 15 и 16 инчни алуминиумски бандажи, како и елетро-преклопливи надворешни ретровизори.

yaris2

„Toyota“ соопшти дека го подобриле квалитетот на материјалите во кабината, кои сега „изгледаат поубаво, но и се пријатни на допир“, а достапни се и нови дезени и бои на ентериерот.

Кога станува збор за ергономијата, централната конзола е подигната за 23 милиметри во однос на актуелната верзија на „Yaris“. Тоа им овозможи на инженерите да ја скратат рачката на менувачот за 30 mm, па така промената на брзините би била поефикасна.

yaris3

Корисниците на располагање им е поголема зафатнина во делот за сместување на ситници, а дијагоналата на мултимедијалниот систем е зголемена од 6,1 нa 7 инчи.

Во „Toyotа“ велат дека го подобриле и системот за суспензија, па така возењето во „Yaris“ ќе биде поудобно.

Во понудата и натаму се четири мотори, два бензински, дизел и хибриден погонски систем.

yaris4

Најслаб е трицилиндарскиот 1.0 литарски бензински мотор со 69 ks (51 kW) и 95 Nm. На кого му е потребна поголема моќ може да го одбере 1.33-литарскиот четирицилиндарски мотор кој произведува 99 ks (73 kW) и 125 Nm, a за оние кои ќе се одлучат за дизел верзијата на располагање е 1.4-литарска „D-4D“ единица со 90 ks (66 kW) и 205 Nm максимален вртежен момент.

„Yaris Hybrid“ е опремен со 1.5 литарски бензински и електромотор, а вкупната комбинирана моќ на погонскиот систем достигнува 100 ks (74 kW).

Редизајнираниот „Yaris“ наскоро ќе пристигне во продажните салони ширум Европа, а тогаш ќе биде позната и неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП