27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА30 лекции кои мора да ги научите до 30-тата

30 лекции кои мора да ги научите до 30-тата

1401145215zivot

Проверете дали сте ги усвоиле лекциите и дали сте подготвени за нови животни лекции…

Триесетата година од животот е голема пресвртница. Околината очекува до тогаш да научите некои нешта. Но, можеби не знаете кои… Ако малку сте збунети, веројатно ќе ви помогнат советите од терапевтот Сузи Мур. Ова се 30 работи кои, според Сузи, треба да ги сватите до триесеттите години.

1. Не е важно која е вашата почетна позиција. Дури и ако доаѓате од сиромашно семејство, можете да успеете ако знаете што сакате и ако се потрудите за тоа.

2. Сериозно сваќајте ги вашите соништа и дадете си себе си дозвола да сонувате големи соништа.

3. Најдобар начин на кој можете да ги потрошите парите се патувањата, бидејќи тие овозможуваат скапоцено искуство.

4. Живејте во сегашноста. Да, тоа не е лесно, но со помош на вежби, може да се постигне.

5. Љубезноста е прекрасна човекова особина. Дури и ако сте најпаметниот човек на светот, без љубезноста, вие сте ништо.

6. Ако нешто не можете да го направите добро, немојте поради тоа воопшто да не работите.

7. Луѓето се лесно прилагодливи суштества. Флексибилни се, отпорни и многу посилни отколку што мислите…

8. Организацијата и уредноста се многу важни. Штедат време и создаваат ред во животот, тоа е грижата за себе си.

9. Нормално е низ животот да изгубите неколку пријатели, тоа е животот. Се што е изгубено не ни било ваше.

10. Мудро одберете го вашиот партнер – нека биде човек кој ви дава поддршка и кој има добар темперамент. Со таквиот човек животот е најубав.

11. Одлуките донесувајте ги сами. Можете да сослушате што ви велат најблиските, но најмногу слушајте се себе си.

12. Верувајте во своите таленти, бидејќи само така и другите ќе веруваат во вас.

13. Научете дека среќата не е состојба која зависи од другите или од надворешните услови. Таа доаѓа одвнатре.

14. Штедете пари! Грижете се за своите финансии, тоа е одговорност кон себе.

15. Начинот на кој говорите за другите, е начин на кој всушност говорите за себе си. Не озборувајте!

16. Читајте! Книгите се прекрасен и поучен сопатник во животот.

17. Бидете великодушни. Се што на другите ќе им подарите со љубов, повеќекратно ќе ви се врати.

18. Одберете го местото за живот кое го сакате. Не сте должни да останете во градот каде што сте родени.

19. Простете им на другите, дури и на оние кои силно ве повредиле. Простувањето лекува.

20. Негувајте ги пријателствата кои ви се многу важни. Тие се клучни за среќен живот.

21. Грижете се за своето тело – редовно прегледувајте се и внимавајте на исхраната, но и на вежбањето.

22. Не мора да работите за шефот кој го мразите. Најдете работа на која ќе бидете среќни.

23. Развивајте нови вештини во себе. Научете некој нов јазик, научете да свирите гитара… Тоа ќе ве збогати.

24. Скршеното срце го лечи само времето. Дадете му време на времето.

25. Научете да се чувствувате пријатно во сопствена кожа. Самите себе си се имате за цел живот.

26. Не можете да ги задоволите сите, затоа најпрво задоволете се себе си. Така всушност ќе бидете добри и кон другите.

27. Запознајте ги своите сили и фокусирајте се на нив. Тоа ќе ве зајакне и во областите во кои сте слаби.

28. Не им дозволувајте на другите да ве плашат. Луѓето се само луѓе.

29. Неуспехот не е крај на светот. Научете нешто од тоа, станете и продолжете понатаму.

30. Сосема е во ред да живеете според сопствени правила, а не според оние кои ви ги наметнува околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП