5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInterContinental го купуваат Американци?

InterContinental го купуваат Американци?

hotlbroj

Акциите на најголемиот светски хотелски оператор по бројот на соби, „InterContinental Hotels Group – IHG“, скокнаа денес по извештаите на медиумите.

Медиумите всушност објавија дека оваа групација би можела да биде купена од една американска компанија.

Акциите на „IHG“ скокнаа за 4,45 проценти на берзата во Лондон, а водечкиот индекс на таа берза – FTSE 100 порасна за 0,55 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Британскиот канал „Скај Њуз“ оваа недела објави дека „IHG“ одбил шест милијарди фунти (10,1 милијарди долари) вредна понуда од неименувана американска компанија за преземање. „Скај Њуз“ наведува, повикувајќи се на блиски извори, дека управниот одбор на хотелскиот ланец одржал состанок пред некоја недела за да ја разгледа оваа понуда, но дека таа била отфрлена бидејќи била премногу ниска.

Портпаролот на „IHG“ не сакаше да го коментира овој случај. Во сопственост на „IHG“ се хотелските ланци „Holiday Inn“, „Crowne Plaza“ и „Intercontinental“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП