6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКипарската Hellenic банка ја продава руската „ќерка“

Кипарската Hellenic банка ја продава руската „ќерка“

DSC00254-profile

Кипарската „Hellenic bank“, една од трите најголеми кредитни организации на оваа земја, објави вчера дека ја продава својата компанија „ќерка“ во Русија – „Hellenic bank d.o.o.“

Во соопштението на банката, објавено на Кипарската берза, се наведува дека преговoрите со инвеститорите за продажба на 100 проценти од акциите од руското одделение, се наоѓаат во напредна фаза, пренесува Итар тас.

Одлуката за продажбата е донесена во настојување на „најефикасен начин да се управува со ресурсите, инвестициските планови, ризиците и концентрацијата на активностите на банката на клучните пазари“, се наведува во соопштението на банката.

Според мислењето на раководството на оваа банка, продажбата на руската „ќерка“ нема да влијае на финансиските резултати на „Hellenic bank“ во целина.

Овој договор треба да биде одобрен од страна на Централната банка на Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП