19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Црвен тепих“ за британските инвеститори

„Црвен тепих“ за британските инвеститори

crventepih

Франција е подготвена да „постави црвен тепих“ пред британските инвеститори, доколу Британија одлучи да ја напушти Европската унија, изјави вчера францускиот министер за финансии, Арно Монтебур.

„Доколку Британија одлучи да излезе од составот на ЕУ, Франција ќе „постави црвен тепих“ пред британските инвеститори кои ќе заминат од својата земја. Тие сите ќе дојдат во Франција, бидејќи на компаниите им е потребна Европа“, изјави Монтебур за францускиот весник „Метроњуз“.

Тој така одговори на изјавата на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој во 2012 година ја разлути социјалистичката влада во Франција кога изјави дека Британија топло ќе ги дочека француските даночни прекршувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП